Skip to main content
Скопје

Граѓани на Скопје на протест против загадениот воздух

10/12/2024  18:01

Околу 1.000 граѓани денес излегоа на протестен марш за чист воздух, организиран од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ во Скопје.

Протестот започна пред Министерството за животна средина, продолжи пред Собранието, а заврши пред Владата.

Под паролите: „Во Скопје живеат згради и коли, ние луѓето само се гушиме,“ „Кој десно, кој лево, сите се гушиме,“ „Воздух здравје и ништо помалку,“ „Буџетот е магично стапче за загадувањето,“ и „Уште ли за ова протестираме?“ граѓаните побараа брзи и ефикасни мерки за справување со аероагадувањето.

Години наназад Скопје е во првите 10 најзагадени градови, а проблемот е најсериозен за време на зимските месеци.