Skip to main content
Економија

Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус

27/11/2024  07:40

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ е во износ од 45 до 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028 година. 

– Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска електроника наменета за најновите модели на електрични и плуг-ин хибридни возила на групацијата  „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за Мерцедес, соопштија од владината прес-служба.

КОСТАЛ во 2023 година беше 9-ти најголем извозник од земјава. Компанијата работи веќе осум години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст. Клиентите на КОСТАЛ Македонија се „Фолксваген“ Групација (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат), Мерцедес, БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.