Skip to main content
Свет

Германија и Австрија ги замрзнаа сите барања за азил од Сиријците

09/12/2024  16:42

Германија привремено ќе ги суспендира одлуките за барањата за азил на сириските граѓани по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад, објави портпаролот на тамошната Канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ).

Тој изјави дека суспензијата се однесува на повеќе од 47.000 барања за азил од Сиријци во Германија. „Многу внимателно проучуваме поединечни случаи, вклучително и проценка на ситуацијата на терен во земјата на потекло“, нагласи тој.

Речиси милион сириски граѓани во Германија
Според германското Министерство за внатрешни работи, во Германија во моментов живеат 974.136 сириски државјани. Од нив, 5.090 се признати баратели на азил, а 321.444 имаат статус на бегалци.

Други 329.242 лица имаат статус на т.н супсидијарна заштита. Супсидијарна заштита е достапна за оние кои не се квалификуваат како бегалци како што е дефинирано со Женевската конвенција за бегалци, но се во сериозна опасност во нивната матична земја.

Австрија, исто така, наводно суспендирала 7.300 тековни барања за азил од Сиријци.