Skip to main content
Свет

Германија го доби првиот од новите борбени хеликоптери за армијата

18/11/2024  19:29

Германските вооружени сили го добија првиот од најмалку 62 нови лесни борбени хеликоптери „H145-M“, само 11 месеци по нарачката.

Министерот за одбрана Борис Писториус присуствуваше на церемонијата за предавање на хеликоптерот во фабриката на „Ербас“ во баварскиот град Донауверт. Тој изјави дека брзата испорака е знак за подобрување на германската бирократија во одбранбената сфера.

Хеликоптерите се финансирани преку специјален фонд од 100 милијарди евра, создаден за модернизација на германската армија по руската инвазија на Украина. Компанијата „Ербас“ планира да ги испорача останатите 61 хеликоптер до крајот на 2028 година, со можност за дополнителни 20.