
Градоначалникот на Општина Центар, преку објава на социјалните мрежи, повика на итна интервенција од Министерството за внатрешни работи поради повторен вандализам во населбата Капиштец.
„ МВР веднаш да реагира за вандалското однесување во Капиштец! Во моментов повторно вандализам, група малолетни лица кршат шишиња, пукаат петарди и се тепаат. Ова не е првпат! Следува пријава и ги повикувам Министерството за внатрешни работи да поведе истрага,“ напиша градоначалникот.
Станува збор за чест проблем кој, според жителите на Капиштец, го загрозува јавниот ред и безбедноста во оваа населба. Градоначалникот истакнува дека ваквите инциденти мора да бидат решени и одговорните да се соочат со соодветни мерки.
Општината Центар ќе поднесе пријава до надлежните органи, а од МВР се очекува брза реакција за враќање на мирот и безбедноста во Капиштец.
