На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.
-Мислам дека јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието веднаш штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата, рече Гаши коментирајќи ја вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот и да го забрзаме процесот.
Гаши смета дека веќе имаат обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.
-Мислам дека имаме две третини. Тој процес во Собрание, мислиме дека лесно ќе помине и ќе го реализираме, но зависи од политичкиот моментум, рече Гаши.