Skip to main content
Балкан

Вучиќ: Некои не поднесоа оставка поради притисок, сега им е шансата да покажат одговорност

12/11/2024  11:14

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета.

Тој побара од обвинителите да продолжат да работат напорно за утврдување кривична одговорност, додавајќи дека знае колку е комплициран тој случај.

„Мораме да покажеме …не само грижа за семејствата на жртвите, туку и дека сме одговорно општество и дека ќе знаеме како кривично да ги казниме виновниците, а политичката и моралната одговорност мора да биде на повисоко ниво токму за да се направи разлика меѓу неодговорните и оние кои мислат дека можат да добијат нешто со изма“, рече Вучиќ.