Случај на врсничко насилство во скопски Аеродром пријавен во полиција.
– На 13.11.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.И.(50) од Скопје пријавил дека околу 17.10 часот во близина на основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници – ученици во истото училиште каде учел и неговиот син, соопштија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.