Skip to main content
Македонија

Воздухот отровен, здравјето во опасност вечерва во Скопје!

11/11/2024  00:00

Скопје вечерва е еден од петте најзагадени градови во светот, со индекс на загадување од 181, според податоците на платформата „iqair“. Воздухот во главниот град е класифициран како „нездрав“ и претставува сериозна опасност за здравјето на жителите.

Како главен загадувач се издвојуваат ПМ 2,5 честичките со концентрација од 99 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките имаат концентрација од 129 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во Скопје е 20 пати повисока од годишните препораки на Светската здравствена организација (СЗО).

Најзагаден град во светот во моментот е Лахор во Пакистан, следен од Делхи (Индија), Ханој (Виетнам), а Скопје се наоѓа на четвртото место, додека зад него се наоѓа Багдат (Ирак). Од балканските градови, најблиску до Скопје е Сараево, кое со индекс на загадување од 158 е на седмото место.