Дваесет и тригодишен скопјанец баран со потерница бил приведен утрово во Шуто Оризари.
„Денеска во 10:05 часот на територија на општина Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К. (23) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од две години“, информираат од МВР.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.