Skip to main content
Балкан

Во Хрватска ќе штрајкуваат вработените во здравствениот систем поради ниски плати

11/11/2024  10:29

Во Хрватска денеска ќе се одржи штрајк во дел од здравствениот систем поради незадоволство од платите при што нема да работат околу 4.000 радиолошки техничари, лаборанти, здравствени работници, медицински сестри и фармацевтски техничари кои се членови на еден од синдикатите – Заедно. Со штрајкот ќе бидат опфатени дури 58 здравствени установи.
Според најавите на синдикатот и покрај штрајкот ќе се интервенира за итни, животозагрозувачки и онколошки пациенти.

Според синдикатот, ним ќе им се придружат колегите возачи на Брза помош во 11 жупании, поради платите кои и покрај последната корекција се уште се прениски. 

Иако работодавачите во последните денови често контактираат со нив, тие нема да се откажат од штрајкот. Сепак, се надеваат дека тоа ќе трае кратко и очекуваат покана од ресорното Министерство за продолжување на преговорите, јавија хрватските медиуми.

Од ресорното министерство ги смируваат пациентите и велат – нема да има блокада на системот. На синдикатите им најавуваат дека нелогичностите што ги наведуваат ќе се обидат да ги решат преку надлежниот Совет.