Skip to main content
Хроника

Во страшна сообраќајка загина струмичанец – излетал од пат и се превртел

05/12/2024  16:53

Во 01.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4, делница од село Ново Село кон село Секирник, струмичко, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(37) од с.Зубово, струмичко, излетало од патот и се превртело.

MK Summit

Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.