На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода М.П.(43) и А.Б.(42), двајцата од охридското село Трпејца.
Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов”, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.