Skip to main content
Македонија

Внимателно возење: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

15/11/2024  19:07

Намалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските превои Стража, Маврово и на Плетвар, а на Ѓавато до 100 метри. Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, соопшти ЈП Македонијапат.

MK Summit

Според извештајот од 18 часот, сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведуваат од Јавното претпријатие.