Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: 116 години од албанската азбука – Овој голем ден се одбележува и на владина седница!

22/11/2024  08:56

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВЛЕН:

Денес е голем ден за сите Албанци, и во земјата и надвор од неа! За првпат, овој свет ден официјално се одбележува и на седница на Владата, благодарение на посветеноста на ВЛЕН и блиската врска со граѓаните.

Денес го одбележуваме 116-от јубилеј од унифицирањето на Албанската азбука. Овој датум има посебно значење, бидејќи симболизира важен момент кој ја нагласува важноста на обединувањето на Албанците околу еден идеал.

Јазикот е елемент на идентитетот на еден народ, основа врз која се гради идентитетот и сите други елементи на една заедница.

Одлуките на Конгресот во Битола покажуваат и денес дека Албанците се ориентирани кон западните и европските вредности. Претставниците на ВЛЕН во Владата го одбележуваат  овој значаен ден со гордост, упатувајќи честитки до Албанците секаде. Активностите ќе продолжат со посета на Музејот на азбуката во Битола – местото каде што нашата историја е напишана со посветеност и љубов кон нашиот прекрасен јазик. Потоа ќе учествуваме на научна конференција за да рефлектираме за вредностите и значењето на овој ден, а на крај, овој голем ден ќе заврши со свечена церемонија во Домот на културата во Битола.

ВЛЕН е посветен на тоа албанскиот јазик да биде таму каде што му припаѓа – не процентуално, туку достоинствено! Ние сме посветени на целосна официјализација на албанскиот јазик во Северна Македонија и гарантираме дека навредливиот термин „20 проценти“ ќе биде отстранет.

Честит нека биде овој ден на секој Албанец и секоја Албанка, каде и да се наоѓаат. Во вакви денови секогаш да бидеме обединети!