Skip to main content
Забава

Влез на младенци каков што немате видено досега: Поради изборот на песна, оваа венчавка во Србија стана хит на интернет

19/10/2024  10:08

Невестата Теодора Спасиќ на својот ТикТок профил сподели видео од влегувањето во салата со својот партнер, а музичката позадина за истото била химната на Лигата на шампионите.
„Година и пол ја планираш вашата романтична венчавка, но твоето момче одлучува тој да ја избере песната за вашиот влез“, напишала таа во видеото.

Додека познатата мелодија одѕвонувала во салата, парот бил дочекан со аплауз, а на крајот ги чекал матичарот. Сепак, нивниот прв танц изгледал малку поромантично, кој со специјалните ефекти изгледал како Дизниева екранизација на бајка.