
Во Владата денеска ќе биде презентирана „Планска програма за почист воздух 2024-2030“.
Како што информира владината прес-служба, програмата од 15 часот во Владата ќе ја претстави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој по презентацијата ќе одржи прес-конференција.