Skip to main content
Забава

Викенд хороскоп 16-17.11.2024

16/11/2024  14:26

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате среќа и некои работи конечно ќе ги решите во ваша корист. Можете да очекувате одлична состојба. Ве очекуваат многу интересни случувања со личноста која ве привлекува некое време.

Бик (21.04 – 21.05)

Можете да очекувате мали несогласувања со колегите но не би требало да имате некои посериозни проблеми. Доколку ви се допаѓа некој кој е роден во знакот на Овен или Лав, ве очекува интересна средба викендов.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На деловното поле може да ви се случи мал пад на концентрацијата но генерално не ве очекуваат проблеми на полето за работа. Во љубовта можете да очекувате силно поволен викенд за нови познанства.

Рак (22.06 – 22.07)

Викендот не е претерано поволен за работа, можно е дека ќе имате непредвидени проблеми или некој неуспех. Можни се мали несогласувања со брачниот партнер.

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекува прилика да дојдете до подобра заработка. Можни се награди и бонуси за добро обавената работа. Во љубовта можно е да не сте сигурни што чувствате кон едно лице со кое сте влегле во некаков љубовен однос.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува викенд во кој нема да бидете оптеретени со деловните обврски. Пред вас е прилика да се опуштите и одморите. Во љубовта размислувате за тоа на кој начин да и пријдете на една личност која ви се допаѓа.

Вага (23.09 – 22.10)

Викндов е поволен за соработка со некоја личност родена во воздушен знак. Можна е добра заработка. Во љубовта доколку сте во брак, со саканото лице ќе имате многу добар однос.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Максимално сте им посветени на обврските бидејќи сакате да оставите добар печаток на раководството. Ќе успеете да се докажете. Во љубовта можете да очекувате големи промени. Ви претстои убав период.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е да имате некои помали компликации или отежнувања поврзани за полето за работа во текот на викендов. Во љубовта доколку ви се допаѓа личност родена во знакот на Водолија, пред вас е ден во кој ќе се зближите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекува подобрување на финансиската ситуација. Пред вас е прилика да дојдете до значајни поместувања на деловното поле. Во љубовта ви се допаѓа вашата слобода и не сте подготвени за некое ново врзување.
Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува генерално добра атмосфера во комуникацијата со соработниците. Можете да очекувате позитивен викенд. Во љубовта ви се допаѓа една личност со уметнички талент и склоност.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува важно деловно патување на кое на некој начин ќе ги тестирате своите способности. Комуникацијата со партнерот е солидна, можно е наскоро да планирате и некои посериозни промени како заеднички живот.