
„Спот“ е името на робот-кучето кое е задолжено да се грижи за безбедноста на новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп.
Станува збор за најновата опрема на Тајната служба, робот-куче како патролира по имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Роботот е изработен од компанијата „Бостон дајнамикс“, која не изнесува детали за неговите карактеристики, исто како и Тајната служба. Од она што може да се забележи роботот има камера и сензори како и натпис кој вели „не го галете“.
„Заштитата на новоизбраниот претседател е врвен приоритет“,рече Ентони Гуглиелми, претставник на Тајната служба.
Заштитата на Донал Трамп по изборите на 5 ноември е на највисоко можно ниво. Тој и како претседателски кандидат имаше силно обезбедување, особено по неуспешниот обид за атентат летово кога беше погоден во уво.