Автобус од приватните превозници кој сообраќа на линијата 22 денеска цел ден е паркиран на булеварот Партизански одреди веднаш после Соборниот храм.
За сега не се знае дали автобусот се расипал или возачот само така го оставил на фреквентна локација.
Паркираниот автобус го отежнува сообраќајот во овој дел од градот а тоа особено беше забележително во попладневниот шпиц.