Во најновата епизода на подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ се зборува за борбата со кацерот на дојка.
Доктор Томислав Јовановски од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија зборува за процесот на мастектомија и за оперативните зафати кај пациентки од канцер на дојка.
Пејачката Милица Кузмановска која е и дел од Хема – Онко, здружение за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели зборува за борбата со канцерот, упатувајќи апел до сите жени навремено да ги извршуваат превентивните прегледи.
Петтата епизода од подкастот ЗРАК на линкот во продолжение