Вчера во 13.10 часот во полициска станица во струмица било пријавено дека се случила несреќа на бул.„Ленинова“ во Струмица во која што бил прегазен велосипедист.
„Патничко возило „сеат кордоба“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(33) од с.Радичево, општина Василево, удрило во велосипед управуван од В.Е.(54) од с.Сачево, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица“, се вели во билтенот на МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.