Skip to main content
Македонија

Велешанка добила кривична пријава од МВР за лажен ТОЕФЛ сертификат од Пловдив, каде што полагал и Христовски

29/10/2024  12:53

Жена од Велес во април оваа година заработила кривична пријава од МВР поради користење на лажен сертификат за познавање на англиски јазик, издаден од училиште за странски јазици од Пловдив во Бугарија.

Според кривичната пријава од Министерството за внатрешни рабори таа ја употребила при вработување иако знаела дека е фалсификат.

Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски исто така пријавил дека има ТОЕФЛ сертификат од училиште за странски јазици во Пловдив, Бугарија.

За ова реагираше и опозициската СДСМ. Партијата тврди дека во Пловдив не постои центар за тестирање за ТОЕФЛ и го повикаа МВР и министерот Тошковски да постапат на идентитичен начин и да поднесат кривична пријава и за Христовски.

МВР и Тошковски по овој пример од Велес треба да поднесат кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик, побара СДСМ.

Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски, најави опозициската партија.