Skip to main content
Македонија

Васко Саздовски е Македонецот кој трагично загина во Нови Сад

01/11/2024  23:50

Денес, во тешка железничка несреќа во Нови Сад, загинаа четиринаесет лица, а досега се идентификувани седум од нив. Според извештајот на весникот „Информер“, меѓу загинатите се наоѓаат млади лица, како и постари граѓани, што ја нагласува трагичноста на овој инцидент.

На списокот на идентификувани жртви се наоѓаат:

• Ангела Руман (20) од Стара Пазова

• Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ

• Стефан Хрка (27) од Белград

• Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)

• Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево

• Вукашин Раковиќ (69) од Буковац

• Васко Саздовски од Северна Македонија – непозната возраст

Идентификацијата на преостанатите жртви продолжува, а овој трагичен инцидент предизвика голема жалост и шок во заедницата. Надлежните органи работат на истрагата за утврдување на причините за несреќата, која остави длабоки последици за семејствата на загинатите и целокупното општество.