Skip to main content
Свет

Британка ја удрила шефицата со чекан по главата, па ѝ испратила порака на својата пријателка

30/10/2024  12:57

Вработена во Брза помош во Велика Британија е осудена на 20 години затвор откако се обидела да ја убие својата шефица со чекан. Потоа и испратила порака на пријателката: упс.

Стејси Смит чекала пред домот на нејзината шефица пред да се обиде да ја убие во, како што го опиша полицијата од Манчестер (GMP) „неиспровоцираниот и бесен напад со чекан“.

46-годишната жена била исполнета со бес по долготрајниот спор околу работните смени, додаде полицијата.

Смит пристигнала во домот на нејзината шефица во Дакинфилд, Тејмсајд, во 5.30 часот на 11 ноември минатата година. Таа знаела дека нејзината шефица тогаш ќе се подготвува да оди на работа.

Повеќепати ја удирала со чекан по главата и врескала дека ќе ја убие, додала полицијата.

Жртвата се здобила со повреди на главата и го скршила зглобот додека се обидувала да се одбрани. Мештаните по нападот излегле од своите куќи за да и помогнат.

По обидот за убиство, Смит и испратила порака на пријателка: Јас го направив тоа. И ја скршив главата. Упс”. Додала и дека ќе побегне во Ливерпул.

Сепак, таа се предала и била уапсена поради сомнение за обид за убиство. Таа е осудена на 20 години затвор.