Skip to main content
Свет

Бијонсе ќе се појави на митинг на Камала Харис

24/10/2024  20:27

Популарната пејачка Бијонсе Ноулс ќе се појави на митингот на кандидатката за претседателка на САД, Камала Харис во петок, јавуваат американските медиуми.

Со своето појавување Бијонсе ќе даде поддршка на Харис пред изборите кои треба да се одржат на 5 ноември. Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс исто така ќе се појави на митингот во Хјустон, Тексас, како и кантри ѕвездата Вили Нелсон.

Денес, Харис ќе има митинг во Џорџија, држава во која се води тесна битка и која може да биде помеѓу одлучувачките на 5 ноември. На овој митинг таа ќе се појави со Барак Обама, а ќе ги придружува и американската ѕвезда Брус Спрингстин.

Бројот на познати личности кои се вклучуваат во претседателската трка во САД станува се поголем. Една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата, Тејлор Сфивт претходно ја поддржа Харис, а неодамна на митинг за поддршка на демократската кандидатка се појави и раперот Еминем.