18-годишниот син на Трамп гласаше за прв пат. Меланија Трамп објави фотографија на своите профили на социјалните мрежи.
„Гласаше за прв пат во животот – за својот татко“, напиша таа покрај фотографијата од избирачкото место. Барон на изборите дојде во костум.
Барон Трамп (18), најмалото дете на Доналд Трамп, започна на факултет оваа есен. Се запишал на Универзитетот во Њујорк (NYU), каде што ја посетува Бизнис школата „Стерн“, една од најдобрите бизнис школи во земјата. На првите предавања дојде опкружен со обезбедувачи.
Неговиот татко неодамна изјави на подкаст дека Барон никогаш немал девојка: „Не сум сигурен дека е во таа фаза од животот. Мислам дека сè уште немал девојка“, рече тој, додавајќи дека Барон е многу паметен, добро момче и одличен ученик.
„Не му пречи да биде сам, но навистина добро се сложува со луѓето“, рече Доналд. Додека студира на NYU, Барон живее сам во пентхаус во Њујорк. „Тоа беше негова одлука, да студира во Њујорк и да живее во стан, и јас го почитувам тоа“, додаде Меланија, која тврди дека Барон одлично се снаоѓа на факултет.
Секој потег на Барон во Њујорк го следи и Тајната служба. Пол Еклоф, поранешен агент на Тајната служба кој ги штитеше Џорџ Буш, Барак Обама и Трамп, објасни за Индипендент дека целта на агентите е „што помалку да го нарушат неговото студентско искуство додека му обезбедуваат најсилна безбедносна заштита што можат“.