Skip to main content
Свет

Барние поднесе оставка, останува на функцијата до именување на новата влада

05/12/2024  17:18

Мишел Барние поднесе оставка од функцијата премиер на Франција, откако парламентот во средата изгласа недоверба на него и на неговата влада.

Барние утрово отиде во Елисејската палата, а си замина по едночасовен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува BFMTV.

Барние и неговата влада ќе останат на функција се додека не биде номиниран нов премиер, се вели во соопштението од Елисејската палата.