
Баерн Минхен го повлече дресот со бројот 5 кој го носеше дефанзивецот Франц Бекенбауер, објавија од прес-службата на клубот.
– Бројот 5 останува резервиран за уникатно наследство. Затоа што нашиот клуб и неговата историја се едноставно незамисливи без Франц, изјави претседателот на клубот Херберт Хајнер.
За Баерн број 5 играа Матс Хумелс, Даниел Ван Бујтен, Роберт Ковач, Мехмет Шол. Последен играч кој го носеше дресот со број 5 беше Бенџамин Павард во сезоната 2023/24.
Бекенбауер почина на 7 јануари оваа година. За Баерн играше од 1963 до 1977 година. Заедно со тимот од Минхен четири пати стана германски шампион.