Skip to main content
Македонија

АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни

13/11/2024  12:42

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се уништени педесеттина килограми небезбедна храна.

За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна ( подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи.

За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло.

Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.
Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град