Skip to main content
Скопје

Арсовска на оглас бара стручњаци кои ќе ги реализираат активностите за Скопје 2028 – европска престолнина на културата

27/11/2024  10:19

Градоначалничката на Град Скопје, распиша јавен повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 Европска престолнина на културата.

Јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 Европска престолнина на културата и тоа во изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки, се вели во објавата.

Повеќе информации за јавниот повик на линкот.