Skip to main content

Враќањето на Сиријците против нивна волја не е можно додека не стане јасно во која насока ќе се движи Сирија. Засега австриската Влада најави дека ќе се фокусира на доброволно враќање. Исто така, престана да ги обработува барањата за азил, како и повеќе од десетина земји од ЕУ.

Како и другите конзервативни влади во Европа, Нехамер е под притисок на десницата за имиграцијата. Сиријците се најмногубројни баратели на азил во Австрија.

Сè уште е непознато колку Сиријци ќе го прифатат „бонусот за враќање“. „Аустриан ерлајнс“ (Austrian Airlines) ги суспендира летовите кон Блиски Исток поради безбедносната ситуација, а карта во еден правец до Дамаск со „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) чини најмалку 1.066,10