Skip to main content
Македонија

Зулфикар Зејнула е нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија

25/05/2025  21:00

Зулфикар Зејнула е избран за нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) на 11. редовен конгрес што се одржа денес на 25 мај во Скопје, во хотелот „Александар Палас“.

Зејнула, кој беше во трка со Ердал Ахмеди и Мухитин Кахвеџи, доби доверба од мнозинството делегати и ќе ја предводи партијата во наредниот мандат. Тој е поранешен заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување и важи за политичар со долгогодишно искуство и добри релации со членството на терен.

Новoизбраниот лидер доби силна поддршка особено од делегатите од западниот, источниот и југоисточниот дел на државата, каде ДПТМ традиционално ужива стабилна поддршка.

Во обраќањето по изборот, Зејнула се заблагодари за укажаната доверба и порача дека партијата ќе продолжи да се залага за интересите на турската заедница во земјата и за активна улога во демократските процеси во државата.