Skip to main content
Балкан

Запалила спирала против комарци па ја изгорел куќата во близина на Загреб

27/06/2025  19:45

Вчера наутро во близина на Загреб избувна пожар во куќа во сопственост на 57-годишен маж, соопшти загрепската полиција.

Истрагата утврди дека пожарот најверојатно избувнал поради пад на запалена спирала од комарци што била закачена на дрвен столб, од каде што пожарот се проширил на мебелот, кој бил целосно изгорен, на ѕидот од скалите и дел од покривот, се вели во полициското соопштение.

Пожарот бил изгаснат од пожарникари, а 43-годишен член на семејството бил полесно повреден и добил медицинска помош во Клиничката болница.