
Пејачката Зорица Брунцлик веќе со недели води тешка битка со здравјето. Таа последен пат беше видена на 2 февруари на снимањето на „Пинкови ѕвезди“, по што нејзината состојба се влошила.
Според извори за „Србија Данас“, пејачката првично била хоспитализирана во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде ѝ била извршена медицинска интервенција – цистоскопија. Сепак, поради сериозноста на ситуацијата, таа е префрлена на Клиниката за хирургија при Универзитетскиот клинички центар на Србија.
„Ситуацијата не е наивна, но Зорица има голема сила и волја да победи“, открива извор близок до тимот лекари кој деноноќно ја следи нејзината состојба.

