Skip to main content
Македонија

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

26/12/2025  18:20

Зоран Трајчевски ќе ја раководи  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако доби поддршка од Советот на АВМУ за нов мандат.

Советот на ААВМУ денеска на седница одлучил во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води Зоран Трајчевски, кој е на оваа функција од 2014 година.

Трајчевски беше избран за директор на АВМУ на 12-тата седница на Советот на Агенцијата, одржана на 7 октомври 2014 година, а претходно беше директор на Агенцијата за електронски комуникации.