Skip to main content
Македонија

ЗНАМ ќе има сопствени советнички листи на локалните избори

17/05/2025  18:53

На средбата со граѓаните на Македонски Брод и Кичево, генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, најави дека партијата ќе излезе со сопствени советнички листи низ општините на локалните избори наесен.

Минчев рече дека партијата не ветува чуда, туку решенија.

-Македонски Брод и Кичево не бараат милост, туку шанса. Нашиот план е јасен-ќе донесеме локални политики со вистинска финансиска поддршка и транспарентна реализација. Време е граѓаните да добијат институции што работат за нив, а не против нив – порача Минчев.