
Македонските таеквондисти Андреј Василевски и Христијан Симоновски освоија златни медали во јуниорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Скопје опен Рамус“ од Г1 серијата кој викендов се одржува во СЦ „Јане Сандански“.
Василевски, ТКД Бутел, во категоријата до 59 килограми во првата борба победи против Кристијан Петров од Бугарија, во втората славеше над Елбоген Итај од Израел, а во полуфиналето го совлада нашиот втор натпреварувач во оваа категорија Филип Каревски. Андреј во финалето забележа победа над Виктор Сетвиќ од Шведска.
Симоновски, пак, кој е од ТК Младост, во категоријата до 63 килограми во првата борба беше подобар од Емир Хониќ од Босна и Херцеговина, во полуфиналето славеше против Бугаринот Јордан Ангелов, а во финалето триумфира над Станислав Митков од Бугарија.
Кадетката Мартина Наумовска, од ТК Феникс Кик, во категоријата до 55 килограми освои сребрен медал, а јуниорот Антонио Негријовски до 45 килограми освои бронзен медал.