Skip to main content
Спорт

„Златната клупа“ за Карло Анчелоти, Симоне Инзаги најдобар во Серија А

25/03/2025  11:13

Карло Анчелоти повеќе од заслужено е избран за најдобар италијански тренер во 2024. На церемонијата одржана во тренерската школа Коверчиано, на тренерот на Реал Мадрид му беше врачена наградата „Златна клупа“ (Panchina d’Oro), која традиционално се доделува на најдобриот тренер во Италија, а за која гласаат исклучиво тренерите.

„Вистинска чест и голема гордост е да се добие признание од моите колеги. Беше прекрасен ден во Фиренца. Ви благодарам на сите“, напиша Карло Анчелоти на својот профил на Твитер (Х) покрај фотографијата на која се наоѓа наградата.

Во 2024 година, како тренер на Реал Мадрид, ја освои Лигата на шампионите, шпанската Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Интерконтиненталниот куп на ФИФА.

Анчелоти ја доби наградата за најдобар италијански тренер, а беше избран и најдобар тренер во Серија А за изминатата сезона 2023/24. Таа награда му припадна на тренерот на Интер, Симоне Инзаги. Второто место му припадна на Џан Пјеро Гасперини (Аталанта), трето Винченцо Италијано (Болоња).

На церемонијата покрај лауреатите присуствуваа и Антонио Конте, Клаудио Раниери, Цеск Фабрегас, Фабио Канаваро, Рафаеле Паладино…

Анчелоти е на клупата на Реал Мадрид од летото 2021 година. Пред тоа, тој работеше во мадридскиот клуб од 2013 до 2015 година. Искусниот 65-годишен Италијанец бил тренер и на Евертон, Наполи, Баерн, ПСЖ, Челзи, Милан, Јувентус и Парма.