Skip to main content
Македонија

Зимзоленд работи без дозвола, институциите си ја префрлаат топката!

10/12/2025  21:57

Освен рингишпилот во Луна-паркот, во круг се вртат и институциите околу тоа кој издал дозвола и кој е должен да ја контролира работата на Зимзоленд. По бројните реакции од жителите во околината, Телма побара одговори од организаторот на зимскиот забавен парк. Оттаму тврдат дека располагаат со договор за закуп и дозвола за работа од општина Аеродром.

Општината, пак, ја негира одговорноста. Градоначалникот Дејан Митески изјави дека локацијата е приватен имот и дека општината единствено можела да укаже просторот да не биде запуштен. За поставените реквизити, Митески ја посочи надлежноста на Град Скопје.

Од Градот возвратија дека не издале дозвола, бидејќи тоа било обврска на општината Аеродром. Додека институциите меѓусебно ја префрлаат одговорноста, во Зимзоленд атмосферата останува раздвижена — музика, светилки и детска смеа го исполнуваат просторот во Лисиче.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК