Skip to main content
Скопје

Зимската служба во Ѓорче е активна на терен, информира градоначалникот Стојкоски

17/02/2025  11:42

По врнежите од снег ова утров низ цело Скопје, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски порача дека зимската служба е подготвена за делување на терен.

– Жителите можат да бидат спокојни. Зимската служба е активна и на терен се додека е потребно. Се грижиме граѓаните непречено да имаат можност да ги реализираат своите секојдневни обврски, порача Стојкоски.