
Во текот на претстојната ноќ и утре (недела 18 мај) во нашата Република Македонија насекаде времето ќе се стабилизира и врнежите ќе престанат насекаде, со што полека очекувам и разведрување и расчистување на облачноста која ја имаме. Во ваква ситуација, до утре (недела 18 мај) наутро температурите значително ќе опаднат и ќе тие ќе бидат далеку потпросечни за средината на месец мај.
Тие утре (недела 18 мај) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени, со што особено на повисоките надморски височини и на планините ќе има појава на слаб до умерен мраз. Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 18 мај) наутро ќе се спушти до околу 5 степени.
Преку ден пак ќе биде потопло со пораст на температурите и тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени. Преку денот (недела 18 мај) исто така ќе имаме претежно сончево и стабилно време со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од југозападен и од западен правец, особено во западните предели.