Skip to main content
Македонија

Жртва на семејно насилство за 4TV: Живеам во страв и чувство дека системот ме има оставено сама

05/03/2026  20:10

Во вечерашното емитување на „Ноќно студио“ на 4TV со сведоштво се јави жена која е жртва на семејно насилство. 

Според нејзиното тврдење таа не добива никаква заштита од институциите и е загрижена за својата, но и за безбедноста на нејзиното малолетно дете. 

„Се обратив каде што можев, во МВР, во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, но никој вистински не ме заштити. Најстрашното е што и покрај насилството што го имам пријавено нему (на насилникот) се уште му дозволуваат да го зема и да го гледа детето. Живеам во страв и неизвеснот, со чувство дека системот ме има оставено сама. По последната трагедија не можам да престанам да мислам колку жени се доведени до очај, затоа што никој не ги слуша и не ги штити. Страв ми едека ќе се случи некоја нова трагедија затоа што институциите не реагирале“ посочи таа. 

Жената сведочеше дека пред само една недела била физички нападната од страна на нејзиниот поранешен сопруг, дека лекар констатирал повреди и дека случајот го пријавила, до дека до денес се уште нема никаква реакција или мерка.