Skip to main content
Спорт

Жозе Мурињо влегол во судиската соблекувална по дербито со Галатасарај

25/02/2025  09:12

Големото дерби на турскиот фудбал заврши без победник, 0:0. На крајот резултатот повеќе му одговараше на Галатасарај, кој ја задржа предноста од шест бода пред најголемиот ривал, Фенербахче

Резултатот, а и играта во дербито беа разочарувачки, мрежите останаа мирни. Фенербахче за нијанса беа подобри на теренот но тоа не успеа да го материјализира.

Претходно, челниците на турската суперлига, на барање на Фенербахче, го делегираа Словенецот Славко Винчиќ за главен судија. Него не му беше лесно, во текот на натпреварот, а и по неговото завршување.

Според турските медиуми, харизматичниот Португалец упаднал во соблекувалната и имал што да им каже на судиите.

„Влегов во соблекувалната и му се заблагодарив на Винчиќ за начинот на кој го судеше овој натпревар. Со него имаше турски судија и му објаснив дека дербито ќе беше катастрофа доколку некој од домашните судии го судеше“, рече Мурињо.

Од Галартасарај за оваа изјава го обвинија Мурињо за расизам и најавија дека ќе поднесат кривична пријава против Португалецот, а исто така и дека ќе го пијават во УЕФА и ФИФА.