
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави.
Според мапата на УХМР, најризични се регионите во западниот и источниот дел на земјата, каде постои можност за излевање на реките. Граѓаните се советуваат да ги следат упатствата на локалните власти и да преземат мерки за заштита од поплави, особено во приодните и низинските области.
Хидрометеоролозите предупредуваат дека интензивни врнежи во следните денови можат да ја зголемат опасноста од излевање на водотеките и потенцијално да предизвикаат локални поплави.
