Skip to main content
Скопје

Жителите на Аеродром и денес на празник излегоа да протестираат за чист воздух (ФОТО)

08/09/2025  18:53

Македонија слави 34 години од својата независност, но граѓаните и на овој наш најголем државен празник решија да излезат на протест и да го искажат своето незадоволство поради загадениот воздух кој со години наназад го дишат жителите на Аеродром, Ново Лисиче и Гази Баба, поради секојдневното палење на отпад на депонијата Вардариште.

Жителите веќе една недела излегуваат на протест и ја блокираат раскрсницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија во општина Аеродром, а рекоа ќе се собираат додека не се реши овој проблем.

Иако денес во помал број, сепак граѓаните не се откажуваат од протестот ниту за ден, па така и денес излегоа на улица.