
Денес во 01.30 часот, полицијата го уапсила 41-годишниот Т.А. од село Батинци поради напад на негов соселанец.
„Полицијата постапувајќи по претходна пријава дека поради семејно недоразбирање, заедно со М.А. од Батинци физички го нападнале И.Д.(35) од Батинци, при што М.А. со пиштол го удрил по главата. Претходно, Т.А. во полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.Д.. Пo целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочуваат од МВР.