Skip to main content
Скопје

Жичарницата на Водно затворена поради силен ветар

27/12/2025  11:52

Поради силен ветер Жичницата на Водно во Скопје денеска нема да работи.

Од Јавното собраќајно претпријатие, во чија надлежност е управувањето со Жичницата, велат во објавата на ФБ дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно.

,,Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците”, стои во нивната објава