Skip to main content
Скопје

„Женски Круг #5: „Дојди како што си!“ – уникатно искуство за лична трансформација и женска поддршка

03/06/2025  09:42

Во Скопје денеска ќе се одржи петтото издание на трансформативниот и поддржувачки настан „Женски Круг #5: Дојди како што си!“, настан наменет за жени од сите возрасти и животни патеки, кои се подготвени да го ослободат својот глас, телото и енергијата во безбеден и сочувствителен простор.

Како што соопштија организаторите на настанот, овој круг е дел од регионална иницијатива за создавање сигурни простори за женско изразување, исцелување и сестринска поврзаност.

Настанот го водат три фасилитаторки со богато искуство во областа на женската поддршка: Дороти Пачкова (Македонија), системски и НЛП коуч, фасилитаторка на жени кругови, експертка за родова еднаквост, холистички тренерка, основачка на мрежа за женска поддршка UnitedFem и CEO на Развојна Академија, Маја Марија Милан (Македонија): гласовна терапевтка, актерка, вокална фасилитаторка и активистка за автентичен израз и Маја Добрила Вукша (Србија): телесна терапевтка, фасилитаторка на свесно движење и жени кругови, интегративна терапевтка.