Skip to main content
Забава

Жените во Кина го пијат овој пијалак на празен желудник, тврдат дека е еликсир на убавината и младоста

03/02/2025  21:14

Традиционалниот билен чај, кој особено го сакале жените во виетнамската кралска палата, наводно го обожавале и кинеските принцези.

Чајот од лотос најчесто се подготвува со сушење на листовите од лотос, а се карактеризира со блага арома.

Покрај тоа што го промовира исфрлањето на вишокот вода од телото, помага и при варење. Ја регулира и функцијата на гастроинтестиналниот тракт и придонесува за одржување на здрав дигестивен систем.

Дополнително, шолја чај од лотос може да делува како регулатор на менталниот и физичкиот стрес и да помогне во намалување на напнатоста.

Повеќето луѓе консумираат чај од лотос пред спиење бидејќи го подобрува квалитетот на сонот, што го олеснува будењето следното утро.

Популарен е меѓу Виетнамките како „чај за убавина“, бидејќи наводно ја одржува кожата здрава и убава и помага при слабеење.

Како да консумирате чај од лотос

Вклучувањето на чајот од лотос во вашата дневна рутина е одличен начин дополнително да се грижите за себе. Се препорачува да се консумира кога сте под стрес или кога сте јаделе премногу.

Постојат три вида лотос чај:

Чај од лисја од лотос – Се подготвува со сушење на листовите од лотос и се користи за да помогне во губење на тежината.
Чај од цвет од лотос – Содржи мирис на цветови од лотос и се подготвува со мешање на цвеќињата.
Чај од семе од лотос – Се подготвува со сушење на јадрото на семките од лотос и е исклучително горчлив.